Тројца американски и еден руски астронаут ја почнаа шестмесечната мисија што треба да се спроведе на Меѓународната вселенска станица. Проектот опфаќа различни експерименти, вклучувајќи и создавање на вештачки копии на човечки органи со цел да се проучуваат дегенеративни болести во средина со ниска гравитација – процес што не е возможен на Земјата.
Ракетата на Спејс Икс (SpaceX) полета од вселенскиот центар Кенеди во Флорида во 22:53 по локално време или 04:53 по средноевропско време. Ова е втор обид за лансирање на рактетата, првиот кој требаше да биде во саботата беше откажан поради силните ветрови.
Меѓународната вселенска станица е ретка област за меѓународна соработка меѓу различни влади од светот, а ја одржуваат вселенските агенции на Канада, Европа, Јапонија, САД и Русија.











