Со над 20 проектили извршен напад врз американската воздухопловна база Аин Ал Асад во западен Ирак, која ја користат американските и коалициските сили.
Според извештајот „Ал Хадат“, одговорни за нападот се шиитските милиции.
– Дел од Американски персонал се здоби со полесни повреди, а припадник на израелските безбедносни сили е тешко ранет – изјави неименуван американски функционер, повикувајќи се на прелиминарни проценки.
Ракетите биле истрелани од блиската област Ал-Багдади, во западната провинција Ал-Анбар.
Ирачките безбедносни сили моментално ја пребаруваат областа од каде што биле истрелани ракетите.
Претходно, шиитските милиции ги предупредија САД дека ќе го зголемат бројот на воени операции во Сирија и Ирак, бидејќи „Вашингтон продолжува да ја поддржува израелската армија која убива цивили во Појасот Газа и во јужен Либан.











