Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Распиши победа“- на 28 декември студентите со нови блокади во Србија

/

пред 282 дена

Сподели преку :

Голем протест и блокада низ повеќе градови на 28 декември најавија студентите  Србија под слоганот „Распиши победа“. Според информациите протестот ќе се одржи во форма на директно поврзување со граѓаните.  На тој ден на повеќе локации ќе бидат поставени штандови, на кои граѓаните ќе можат да остават свој потпис и лични податоци, со што, на одреден начин, ќе учествуваат во претстојните избори.

На веб страницата studenti.org.rs/raspisi е објавен списокот на градови и и точните локации каде ќе бидат поставени штандови за собирање потписи за распишување вонредни парламентарни избори.

Тие ги советуваат граѓаните да ја посетат веб-страницата и да го пронајдат градот и локацијата што им одговара најмногу, каде што ќе можат да остават потпис и лични податоци, студентите ќе бидат распоредени на 90 локации.

„Цела Србија на 28.12. распишува победа“, напишаа студентите во својата објава.