Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Раст на цената на нафтата, пад на берзите – последици по говорот на Трамп

/

пред 188 дена

Сподели преку :

Цената на нафтата се зголеми, берзите паднаа по вонредниот говор на американскиот претседател Доналд Трамп кој не успеа да ги увери светските пазари дека војната на Блискиот Исток се ближи кон крајот, јавува „Би-Би-Си“.

Веднаш по завршување на обраќањето, цената на Брент нафтата се зголеми за околу 5 отсто, на речиси 106 долари за барел или околу 98 евра додека азиските берзи почнаа да бележат пад.

Трамп повтори дека војната би можела да заврши за две до три недели, без да изнесе конкретни информации за начинот на крај на конфликтот. Неговите закани дека Иран ќе го „врати во камено време“ дополнително ги вознемири пазарите кои стравуваат од натамошна ескалација.

Дури и во случај војната наскоро да заврши, експертите предупредуваат дека опоравувањето на сообраќајот низ Ормускиот теснец би можело да потрае.