Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Раст од 2,9 проценти инфлација во февруари, објави Статистика

/

пред 210 дена

Сподели преку :

Статистика измери 2.9 проценти повисока инфлација во февруари годинава во однос на истиот месец претходната година.

Зголемување на трошоци се забележани кај услуги за образование, лична нега, обувки и облека.

Поскапување од 3,9 отсто се забележува кај храната и пијалоците. Од храната најголемо поскапување има кај овошјето и јаткастите производи, потоа кај млекото другите млечни производи и јајцата поскапувањето за една година е 4,2, па маслата и мастите со 2,8 отсто.

Кај шеќерот поскапувањето е речиси 9 отсто но тука станува збор за берзантски производи. Иако има благо забавување на инфлацијата стопанствениците очекуваат дека ќе има скок меѓутоа овој пат повеќе се загрижени за снабдувањето отколку за висината на цените.

Дали е на рафт или дома важно е да го има, во овој конфликт за стопанството поважно е снабдувањето отколку цената