Во блискиот бегалски камп Шати, мајката на двегодишниот Јазан Абу Фул, Наима, му ја соблече облеката за да го покаже неговото ослабено тело. Пршлените и ребрата и му штрчеа, лицето му беше безизразно. Неговиот татко Махмуд, кој исто така е слаб, рече дека го однеле во болница неколку пати. Лекарите само препорачуваат дека треба да го хранат.
„Која е неговата вина? Дали ова момче носеше ракета и отиде да се бори против Евреите (Израелците)? Не ме интересира дали војната продолжува. Но, нека се отворат границите, нека влезе помош за децата. Ако го оставиме ова момче, можеби наскоро, ќе ни се лизне низ прсти. Можеби ќе умре, а ние не успеавме да направиме ништо за него“ изјави Махумд татко на двегодишниот Јазан Абу Фул.
Во поголем број од кога било, децата кои се исцрпени од глад ја преплавуваат Болницата „Пријатели на пациентите“, главниот центар за итни случаи за неухранети деца во северна Газа. Пет смртни случаи минатиот викенд, исто така, означија промена: првпат забележан во центарот кај деца кои немале претходни заболувања.
Симптомите се влошуваат, а децата се премногу слаби за да плачат или да се движат, рече д-р Рана Собох. Во изминатите месеци и покрај недостигот на залихи, пациентите остануваат подолго и не се подобруваат, рече таа.
„На почетокот на годината, имавме неухранетост и немаше залихи. Но, случаите покажуваа подобрување по една или две недели. Но, сега, за жал, случаите ќе останат еден месец или шест недели и не покажуваат подобрување. Од глад, детето не може да плаче или да се изрази. Поради слабост, нема енергија. Оние четири или петгодишни деца не можат да лазат или да одат. Сето тоа поради неухранетост. Овие симптоми се влошуваат“ изјави д-р Рана Собох.
Овој месец, гладот што се зголемува кај повеќе од 2 милиони Палестинци во Газа со секој иминат ден го зголемува бројот на смтрни случаи поради неухранетост, велат хуманитарните работници и здравствениот персонал.
„Денес зборуваме за 150 случаи во една недела на бремени и доилки кои се исцрпени и не можат да дојат, а формулата за бебиња е прескапа. Бремените жени не можат да дојат бидејки се неухранети и резултираат со неухранети бебиња, па наместо еден, имаме два случаи“ изјави д-р Рана Собох.
Во изминатите три недели, над 50 лица починаа од причини поврзани со неухранетост, вклучувајќи 28 возрасни и 20 деца, соопшти Министерството за здравство на Газа во четврток. Тоа е зголемување во однос на 10 деца кои починаа во претходните пет месеци од 2025 година, според министерството.
Кристина Кузмановски











