Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Расте заканата од полио во Газа, хуманитарните групи бараат прекин на огнот за масовна вакцинација

/

пред 794 дена

Сподели преку :

Заканата од детска парализа брзо се зголемува во Појасот Газа, што ги натера хуманитарните групи да повикаат на итна пауза во војната за да можат да ги зголемат вакцинaциите и да се спречат избувнување на болеста.

Еден случај е потврден, други се сомнителни, а вирусот е откриен во отпадните води на шест различни локации минатиот месец.

Во централниот град на територијата Деир ал Балах, улиците се преплавени со канализациска вода..

Без безбедно место, некои раселени луѓе ги поставуваа своите шатори на страната на улицата во близина на канализацијата, додека Израел ја продолжува својата воена кампања на опколената територија.

Детската парализа беше искоренета во Газа пред 25 години, но вакцинациите опаднаа откако војната започна пред 10 месеци и територијата стана погодна почва за вирусот, велат хуманитарните групи.

Шаторски кампови се преполни со стотици илјади раселени Палестинци без чиста вода или соодветно отстранување на отпадни води и ѓубре.З

а да се избегне ширење на болеста, хуманитарните групи се подготвуваат да вакцинираат повеќе од 600.000 деца во наредните недели.