Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Растот на цената на горивата и неподмирувањето на парични средства на дел од општините, го доведува во прашање опстојувањето на новоформираното јавно претпријатие „Русино-Полог“

/

пред 1623 дена

Сподели преку :

Неколку месеци откако започна да работи Регионалното претријатие Русино – Полог, а веќе се соочува со финансиски потешкотии. Директорот, Бесим Догани, вели дека единствен извор на финансирање е субвенцијата и наплата при донесениот смет, но трошоците за дневно работење на депонијата Русино се високи, а дополнително има општини кои се уште не го платитле својот дел.

Цената од 5 евра за еден тон комунален отпад останува да важи, според одлуките донесени на последната седница на Центарот за развој на полошки плански регион. Нова цена била утврдена само за индустискиот отпад.

Брзите мерки за санација на депонијата Русино се спроведени, а во следниот период треба да се изврши и тампонирање на патот. Дополнително треба да се најде соодветни локации за претоварни станици.

Барањето алтернативна локација на депонијата која со години ги труеше жителите на Гостивар, е во втората фаза на швајцарскиот проект.

Данијела Билбилоска