Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ратификацијата на Договорот за меѓуграничниот железнички тунел со Бугарија пред пратениците

/

пред 293 дена

Сподели преку :

Собранието денеска на продолжение на 76-та седница треба да гласа за Предлог законот за ратификација на Договорот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Бугарија во врска со подготовката, изградбата и оперативноста на меѓуграничниот железнички тунел.

Договорот беше потпишна во Ѓуешево на 6 ноември  од страна на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и неговиот бугарски колега Гроздан  Караџов.

Со него се уредуваат техничките, финасиските, правните и организациските прашања поврзани со подготовката, изградбата и оперативноста на меѓуграничниот железнички тунел во насока Софија-Ѓуешево – Крива Паланка-Скопје.

Проектираната должина на тунелот е околу 2,4 километри од кои 1,2 километри на територијата на државава.

На дневен ред на седницата се и Предлог на закон за изменување на Законот за буџети и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за експропријација, по скратена постапка.