Неуспешен обид за грабеж на банкомат во скопски Бутел се случил утрово. Четири лица, според информации на Министерството за внатрешни работи (МВР), поставиле експлозивна направа, го оштетиле банкоматот, меѓутоа не успеале до парите.
Инцидентот минал со три оштетени возила во близина на банкоматот, но, за среќа, без повредени и жртви.











