Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Алармантни податоци од Евростат: Се помалку бебиња се раѓаат во Македонија-од 44.095 во 1960 година до 16.061 во 2024 година

/

пред 209 дена

Сподели преку :

Во Европската унија во 2024 година се родени 3,55 милиони бебиња, што е намалување од 3,3% во споредба со 2023 година, а вкупната стапка на фертилитет изнесува 1,34 живородени деца по жена.

Во Македонија, стапката на фертилитет се намалува на 1,44, што е под нивото потребно за природна обнова на населението, објави Евростат.

Податоците покажуваат дека жените во ЕУ се подоцна се одлучуваат за првото дете, со просечна возраст од 29,9 години, додека во Македонија просекот е 27,8 години.

Највисока стапка на фертилитет во 2024 година има Бугарија со 1,72, а најниска Малта со 1,01 живородено дете по жена.

Историјата на наталитетот покажува дека речиси двапати помалку деца се раѓаат во ЕУ отколку пред шест децении.

Во Македонија, бројот на новороденчиња се намалил од 44.095 во 1960 година на рекордно ниските 16.061 во 2024 година, што ја истакнува сериозната демографска загриженост.

Б.С.