Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Речиси секое второ дете не оди во градинка – во Шуто Оризари одат само четири од 100 деца

/

пред 729 дена

Сподели преку :

Безмалку секое второ дете не оди во градинка, а само 4 од 100 деца во Шуто Оризари посетуваат градинка. Причините се лоцираат во немањето пари на родителите да ги испратат децата во градинка, но и да имаат, место нема. Потребни се подобар пристап и квалитет во градинките-ова го покажува заклучокот на проектот „Подигнување на квалитетот на предучилишното образование и грижа“

„Тоа треба да биде достапно на сите, без оглед на приходот на родителите или пак кој било друг фактор. Треба да има доволно место за сите деца без оглед на нивното место на живеење. Тоа важи и за урбаните и за руралните средини. Тоа не значи дека по секоја цена треба да се градат нови објекти туку да се направи ревизија на постојните објекти со цел да се оптимизира мрежата на училиштата и градинките“, вели Штефан Худолин, шеф за соработка во Делегацијата на Европската Унија.

Организаторите на проектот велат дека треба да се внимава со бројот на деца во градинките. Бидејќи колку е поголем нивниот број толку повеќе се отежнува учењето, а кога има помалку деца тогаш сите тие можат да добијат повеќе внимание.

Во овој проект се опфатени обуки, прирачници и Предлог законски измени со кои учесниците во проектот се надеваат дека ќе се подобри квалитетот на услугите во градинките.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2023 година имало речиси 38.000 деца во 117 градинки.

Тамара Марковска