Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Речиси секој викенд се враќал кај семејството во Македонија – Васко Саздовски, кој трагично го загуби животот на железничката во Нови Сад, бил научник во Институтот „Биосенс“

/

пред 701 дена

Сподели преку :

Маѓу загинатите во уривањето на бетонската натстрешница на железничката станица во Нови Сад и македонскиот државјанин Васко Саздовски (45). Според информациите на белградска „Политика“, Саздовски бил научник кој работел на Институтот „Биосенс“ во Нови Сад, каде се истражуваат и развиваат информациски технологии во земјоделството. Потврда на тоа дојде и од директорот на „Биосенс“, Владимир Црноевиќ.

„Саздовски работеше во Центарот за сензорски технологии. Се вработи во водечка европска институција како искусен научник. И претходно имаше научна кариера“, изјави Црноевиќ за „Политика“.

Колегите на Саздовски, како што пишува „Политика“ веднаш се собрале во „Биосенс“ по трагичната вест. Васко, како што велат, работел на новосадскиот Институт нешто повеќе од една година, а речиси секој викенд го минувал во Македонија, со сопругата и двете деца. На пат тргна и вчера претпладне, на 1 ноември.

Во Нови Сад од денеска до понеделник се денови на жалост поради трагичната смрт на 14 лица врз кои се урна масивна бетонска натстрешница на влезот на железничката станица. Тој дел од станицата, според тврдењата и на кинескиот изведувач на работите и на претставници на српската држава, не бил предмет на реконструкција на објектот.

(Видео) Осум лица загинаа, едно лице е во тешка состојба – падна бетонска натстрешница на железничката станица во Нови Сад