Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

РЕК Битола се уште работи со само еден блок, денеска треба да се вклучи уште еден

/

пред 817 дена

Сподели преку :

Се прави обид да се вклучи уште едне блок во Рек Битола . Во моментов најголемиот производител на струја  работи само со  тројката, а  техничките служби работата на блок еден и се очекува попладнево тој да биде ставен на мрежа.

Минатата недела поради проблем кој настана кај МЕПСО,  РЕК Битола целосно беше надвор од функција, по што  службите успеаа да стават на мрежа еден од блоковите.

Високите температури кои деновиве надминуваат 40 степени за 25 отсто ја зголемија потрошувачката на струја поради што потребните количини се надоместуваа со купување на струја и од хидроцентралите.

Ова не е прв пат да се случи ваков проблем. И во текот на зимата  кога температурите  беа длабоко под минусот РЕК Битола работеше со само еден блок. Тогаш од ЕСМ и Мепсо се препукуваа во чија сопственост е проблематичниот далновод поради кои настана проблемот.