Температурите во главниот град на Индија Њу Делхи вчера се искачија на рекордно високи 49,9 степени Целзиусови, соопшти државната метеоролошка служба.
Индиската метеоролошка служба, која укажува на „силни топлотни бранови“, ја забележа оваа рекордна висока температура на две станици во предградијата на Њу Делхи, Нарела и Мунгешпур.
Слични температури се очекуваат и денеска.
Високите температури се вообичаени во Индија во текот на летото, но според истражувачите, климатските промени доведуваат до подолги, почести и поинтензивни топлотни бранови.











