Да свика конгрес за формирање нов политички субјект, му порачаа на Арбен Таравари од крилото на Зијадин Села на Алијанса за Албанците.
На денешната прес коференција потенцираа дека вчера немало легитимни делегати, а со тоа ниту легитимни одлуки.
Сѐ уште се чека судската одлука, кој е претседател на Алијанса за Албанците, откако Апелација го врати предметот на повторно судење во Основниот суд во Тетово.











