Атмосфера на несигурност владее во МКЦ откако започна ревизија по барање на Град Скопје, а во чие спроведување е вклучен и новиот директор Никола Алексов.. Сменети се бравите на вратите на сметководство и архива додека трае ревизијата, а клучот е кај директорот.
Вработените велат дека досега вакво нешто никогаш не се случило за време на ревизија. Тие реагираат и дека дел од ревизорите не им се познати и се сомневаат дека се неовластено присутни во МКЦ..











