Наша цел секогаш била да ја видиме Северна Македонија интегрирана во евроатлантските институции, но САД не е членка на Европската унија, па не може ниту да гарантира за условите за членство во Унијата, изјави за Телма, поранешниот американски амбасадор во Македонија, Филип Рикер, кој е еден од учесниците на Белградската безбедносна конференција.
Тој вели дека е горд на улогата на САД и на неговата лична улога како помошник државен секретар за Европа во влегувањето на Северна Македонија во НАТО.











