Мора државата да покаже јасен исчекор, да се сврти тркалото за 180 степени во однос на сегашниот став за да има излез од оваа ситуација до следниот извештај на ЕК, вели д-р Малинка Ристеска – Јорданова во Топ Тема.
- Треба да се има политичка волја дека се ова треба да се промени, но последиците од измените од КЗ тешко дека ќе се сменат, и тоа е голем проблем, кој ќе остави печат. Но, ќе мора да се најдат начини сето ова да се смени, зато што не можеме да зборуваме за некое пристапување или реформска агенда, и се ќе оди надолу, додава Ристеска – Јорданова.











