Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Рк Вардар потпиша договор со Кемпа

/

пред 908 дена

Сподели преку :

Двократниот европски шампион Вардар потпиша тригодишен договор со германската компанија за спортска опрема Кемпа.

-Успеавме да споиме два бренда во една соработка која ќе биде повеќенаменска, повеќеслојна, базирана на партнерски однос и очекувам да биде долгорочна. Првично, оваа соработка има додатна вредност за нас, што значи преговарање и со други германски компании кои имаат интерес да вложат во Вардар, изјави Борко Ристовски на денешната прес-конференција.

Претставникот на „Кемпа“, Тим Гротхаус исто така изрази задоволство од постигнатиот договор за соработка со „црвено-црните“.

– Кемпа е препознатлив спортски бренд со искуство во ракомет. Вардар е исто така светски бренд во овој спорт. Среќни сме што ќе бидеме дел од Вардар. Се обврзавме на тригодишна соработка која ќе ги опфати сите нивоа на Вардар, од помладите категории па се до првиот тим, рече Гротхасус.

РК Вардар по крајот на сезоната ќе ја заврши соработката со компанијата „Хумел“ која го снабдуваше со спортска опрема изминатите неколку сезони.