Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,32% во однос на претходната одлука.
Новите, пониски цени се резултат на намалување на референтните цени на горивата на светскиот пазар и на понискиот курс на денарот во однос на доларот.
Според одлуката, од 29 јули 2025 година од 00:01 часот, максималните малопродажни цени ќе изнесуваат: 74 денари за литар ЕУРОСУПЕР БС-95, 76 денари за литар ЕУРОСУПЕР БС-98, 70,5 денари за литар ЕУРОДИЗЕЛ и екстра лесно масло, а мазутот ќе се продава по 39,412 денари за килограм.
Цените на бензините и дизелот се намалуваат за 1 денар, екстра лесното масло за 0,5 денари, а мазутот за 0,746 денари.
РКЕ потсетува дека утврдените се максимални цени и дека трговците имаат право да формираат и пониски, согласно пазарните услови.











