Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Роде: Нападите на НАТО не се причина за славење, беше морална обврска да се прекинат злосторствата на Милошевиќ

/

пред 943 дена

Сподели преку :

Амбасадорот на Германија во Косово, Јорн Роде изјави дека датумот на почетокот на воздушните напади на НАТО врз воените и полициски цели на тогашна Сојузна Република Југославија, 24 март 1999 година, не е причина за славење.

По повод 25-годишнината од почетокот на воздушната кампања на Северноатлантската алијанса во Косово и СРЈ, Роде на платформата Х напиша дека е направено „она што беше неопходно“ за да се спречи „натамошното крвопролевање и злосторствата од страна на режимот“ на тогашниот срспки лидер, Слободан Милошевиќ.

Тој порача дека сојузот кој го изврши тогашниот напад врз српските сили останува на ставот дека таа одлука била исправна.

– Го направивме она што беше неопходно за да го спречиме натамошното крвопролевање и злосторствата од страна на режимот на Милошевиќ во Косово, откако дипломатијата не успеа. Тоа беше наша морална одговорност и остануваме на таа одлука, напиша Роде.