Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Родена нова четворка во Штип, мајката без право на платено породилно отсуство

/

пред 1076 дена

Сподели преку :

Благослов од Бога и неизмерна среќа е за мене и за мојата сопруга Благица, вели татко на штипската четврока, Александар Зиков. Михаил, Теодор, Ведран и Леонтина се родија пред два дена на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје. Родени се во 31 недела, овие мали борци се во инкубатор и нивната здравствена состојба е добра. Градоначалникот на Општина Штип најави поддршка на родителите на штипската четворка.

Александар е вработен, а мајката Благица нема да може да добие платено порoдилно и недостасуваат две недели за da го исполни критериумот од шест месеци, бидејќи малите побрза и се родија предвреме во 31 недела. Зачнати се ин витро на клиника во Турција. Новороденчињата се родени со тежина од килограм и 150 грама до килограм и 350 грама, а се долги 31 сантиметар.

Ова е втора штипска четворка. Првата четворка е три женски и едно машко и имаат веќе по 26 години.

Викторија Јованова