Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Родителите на момчето што го изврши масакрот во „Владислав Рибникар“ во Белград негираат вина

/

пред 1000 дена

Сподели преку :

Мајката и таткото на момчето кое на 3 мај уби девет деца и училишниот чувар во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград, Владимир и Миљана К. денеска на судењето во Вишиот суд во Белград, ја негираа вината.

Вина негираше и сопственикот и вработените на стрелиштето.

Судскиот процес се одвива зад затворени врати со цел да се заштитат правата и интересите на сите малолетни жртви во таа постапка.

Покрај таткото обвинети се и сопственикот на стрелачкиот клуб, каде момчето научило да пука и инструкторот во тој клуб.

Во обвинението на Вишото јавно обвинителство во Белград беше предложено судот да го осуди Владимир К. на затворска казна од 12 години, Миљана К. на затворска казна од 2,5 години, додека сопственикот и инструкторот да бидат осудени на три години, кои се обвинети и за давање лажни изјави.

Владимир К. се товари за кривично дело тешки дела против општата безбедност бидејќи го обучувал својот 13-годишен син да ракува со огнено оружје, го однел на стрелиште, што не е соодветно на возраста на момчето и поради тоа што не го чувал безбедно оружјето како што е предвидено со закон. Вишото јавно обвинителство ја товари мајката на момчето за кривично дело недозволено држење и носење оружје и распрскувачки материи.