Утрово пред Судска медицина пристигнаа родители на загинатите деца од Кочани и бараат средба со директорот.
Според родителите институциите повеќе од една година не даваат одговори за причините за смртта на жртвите, и покрај бројните барања и официјални дописи.
–Побаравме јасен и недвосмислен одговор – дали биле извршени токсиколошки анализи, дали било испитувано присуство на цијаниди и што точно покажуваат анализите. Поминаа два месеци од барањето – одговор нема, рече на последниот протест Александар Наунов, татко на загинатата Надица во трагедијата „Пулс“ Наунов.
Родителите бараат одговори на прашањата: Дали се земени биолошки примероци, што точно е анализирано и дали воопшто постојат токсиколошки резултати.
Родителите апелираат дека нема да си одат од пред Судска медицина, додека не ги добијат одговорите.











