Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Родителите na жртвите од „Пулс“ бараат одговори од Судска медицина

/

пред 185 дена

Сподели преку :

Семејствата на загинатите во дискотеката „Пулс“ во Кочани порачаа дека ако во рок од три дена не добијат одговор од Судска медицина, ќе протестираат пред институцијата и нема да се повлечат додека не ја дознаат вистината. Ова беше пораката од 40-от „Марш на ангелите“ одржан во Кочани.

Родителите и претходно се обратија до Институтот со конкретни прашања, а денес повторно бараат појаснување дали биле направени токсиколошки анализи, односно дали било испитувано присуство на цијаниди и сродни токсични соединенија како можни причини за смртта на нивните деца во пожарот на 16 март минатата година.

Тие бараат и писмен одговор во случај анализите да не биле извршени, со јасно образложение од надлежните. Семејствата најавуваат дека ќе продолжат со притисокот сè додека не добијат целосни и транспарентни информации за трагедијата.