Утрово протест на раскрсницата на улица Васко Карангеловски. Родители и членови на Советот на родители од училиштето „Љубен Лапе“ бараат трајно сообраќајно решение на оваа сообраќајница која од нејзиното пуштање до сега е црна точка на која се случија голем број сообраќајни несреќи.
Првично на ова место беше предвиден кружен тек кој подоцна беше избришан од проектот.
Советот на родители апелира и бара релевантните и надлежни институции да донесат одржливо решение за овој проблем и да преземат мерки за зачувување на безбедноста на учениците, а и на сите учесници вклучени во сообраќајот на оваа улица.











