Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Родителите ширум Европа се соочуваат со сè поголеми трошоци со почетокот на новата учебна година

/

пред 412 дена

Сподели преку :

Со почетокот на новата учебна година, родителите ширум Европа се соочуваат со сè поголеми трошоци, кои растат побрзо од инфлацијата – особено за учебници, училишни патувања и оброци. Според анализата на „Еуроњуз“, некои од најголемите економии во Европа бележат драматични разлики во трошоците за школување. Во Германија екскурзиите чинат речиси колку месечна плата, во Обединетото Кралство: Храната како главен трошок.

Италија, на приемр спроед истражувањето покажува дека  Учебниците најголем проблем. Италијанските семејства плаќаат до 1.200 евра годишно за ученици во средно образование.

Според здружението Codacons, најголем дел од трошоците се учебници, кои често мора да се купуваат нови, дури и за минимални измени во изданијата. Во Шпанија, школските трошоци надминуваат 500 евра по дете, од кои 360 евра се за учебници, што е раст од 18% во три години.

Додека Франција нуди модел за ниски трошоци преку рециклирање и државна поддршка, во останатите земји родителите се соочуваат со сè повисоки трошоци — главно поради учебниците и оброците. Разликите меѓу земјите покажуваат колку е важно образованието да биде поддржано од системски мерки.