Дел од македонските медиуми пренесуваат повик од роднините и пријателите објавен на социјалните мрежи за пронаоѓање на младиот Стивен Ивановски, со кого не можат да стапат во контакт после пожарот во Швајцарија. Тој последен пат е виден за време на пожарот што избувна ноќеска „La Constellation” во познатиот зимски центар Кран-Монтана.

-Во однос на информациите што циркулираат во јавноста, информираме дека Амбасадата е во постојан контакт со семејството на лицето за кое се бараат информации, како и со кантонската полиција, информираа од МНР во Скопје.
Амбасадата на Република Северна Македонија во Берн која е во постојана комуникација со надлежните институции во Швајцарија информира дека до овој момент нема информации за загинати или повредени македонски државјани по пожарот во Кран-Монтана.
Во пожарот на новогодишната вечер во бар во скијалиштето Кран Монтана загинаа над 40 луѓе, а повеќе од 110 се повредени.











