Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Родригез: Никогаш нема да бидеме ничија колонија, Мадуро е единствен претседател на Венецуела

/

пред 281 дена

Сподели преку :

Потпретседателката на Венецуела, Делси Родригез во обраќање на државната телевизија го повтори повикот за ослободување на Мадуро и неговата сопруга. Таа повика на смиреност и единство за одбрана на земјата во контекст на, како што рече, „киднапирањето“ на Мадуро и порача дека Венецуела никогаш нема да биде колонија на ниту една нација.

Родригез зборуваше од Каракас заедно со својот брат, претседателот на Националното собрание Хорхе Родригез, министерот за внатрешни работи Диосдадо Кабелјо и министрите за надворешни работи и за одбрана.

Родригез истакна дека Николас Мадуро е „единствениот претседател на Венецуела“ и побара од САД да го ослободат.