Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Росица во тек на осум месеци неколкупати го пријавувала малтретирањето – пет дена пред убиството велешкиот суд го прогласил насилникот за виновен

/

пред 397 дена

Сподели преку :

Серија пријавувања за семејно насилство му претходеле на вчерашното свирепо убиство на 31-годишната Росица и нејзиниот татко во Велес. Младата жена повеќепати го пријавувала за малтретирање, семејно насилство, за палење на семејниот автомобил.

Психичката и физичка тортура траела долго, и онлајн и во живо. Само од февруари до септември годинава петпати пријавувала или давала исказ во Основното јавно обвинителство во Скопје и Велес.

Росица во февруари пријавила загрозување на сигурноста, а во март е пријавуван двапати: за повреда на нејзиниот партнер и за настан од декември кога против нејзина волја се обидел да ја задржи во стан во Скопје нанесувајќи и притоа лесна телесна повреда.

Во мај го пријавила дека не ја почитува судската одлука и дека ја контактира по телефон и ѝ испраќа фотографии, како и дека се приближил до семејниот дом и го запалил автомобилот на татко ѝ.

  • „Од Основното јавно обвинителство денеска информираа за постапувањата по пријавите во изминатиот период. За насилникот било нарачано и психијатриско вештачење. Вештото лице се произнело дека тој не боледува од душевна болест, бил пресметлив во моментот на сторување на делото, бил способен да го сфати значењето на своите постапки и кај него не е регистрирана патолошка опсесивност или патолошка фиксација кон оштетената“, стои во соопштението од ОЈО.

Само пет дена пред убиството, на десети септември, Основниот суд во Велес, постапувајќи по ова обвинение изрекло пресуда со која обвинетиот го огласи за виновен и му изрече алтернативна мерка – условна осуда.

Притоа со решение му биле укинати другите мерки на претпазливост кои биле на сила во текот на постапката, но на сила до правосилноста на пресудата останлаа мерката – забрана за приближување и воспоставување контакти со оштетената и нејзиниот партнер, определена по барање на обвинителството.

Сепак, 37-годишниот скопјанец не ја почитувал судската одлука. Вчера попладне дошол во семјната куќа на Росица на улицата „Кочо Рацин“, во центарот на Велес и со остар предмет, најверојатно нож, ги избодел неа и нејзиниот 68-годишен татко.

Случајот во полицијата е пријавен во 15.30 часот, а околу 16 часот повредените се пренесени во Општа болница Велес каде била констатирана смрт. Според првичните сознанија, откако ги убил Росица и татко и, напаѓачот се самоубил.

По наредба на јавен обвинител од местото на убиството се подигнати материјални докази, а телата се предадени на обдукција.

Сузана Мицева

Сторителот на двојно убиство во Велес веќе бил осуден и пријавуван, но системот задоцнил