Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Рубио: Мирот во Украина зависи од директна средба меѓу Трамп и Путин

/

пред 520 дена

Сподели преку :

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека договорот за прекин на огнот меѓу Украина и Русија може да се постигне само преку директни разговори меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, јави ДПА.

Зборувајќи пред планираните денешни разговори меѓу украинската и руската делегација во Турција Рубио за „Фокс њуз“ изјави дека единствениот начин да се постигне пробив е Трамп и Путин да седнат на маса еден спроти  друг.

„Сè уште не го знам датумот или местото на таа средба, но тоа е навистина единствената шанса во овој момент“, рече тој.

И претседателот Трамп претходно вчера даде слична забелешка, сугерирајќи дека можеби ќе отпатува во Турција во краток рок доколку разговорите го оправдаат тоа.

„Ако нешто се случи, би отишол во петок доколку е соодветно“, рече тој.