Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Рубио: УСАИД официјално во режим на гаснење, агенцијата одамна застрани од патот

/

пред 414 дена

Сподели преку :

Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) официјално е во фаза на гаснење, соопшти американскиот државен секретар, Марко Рубио.

„Од јануари заштедивме десетици милијарди доларина даночните обврзници. Со мал бројна клучни програми кои се пренесени во Стејт департментот, УСАИД е официјално во режим на гаснење. Процесот на ликвидација на агенцијата, која одамна застрани од патот, го презеде Рос Воут“, напиша Рубио на платформата Икс.

Претходно денеска, Белата куќа соопшти дека Трамп укинал 15 програми за меѓународна помош во вредност од 4,9 милијарди долари кои биле во надлежност на Стејт департментот, на УСАИД и на други механизми за финансирање.

Администрацијата на Трамп уште во февруари ја запре работата на УСАИД која со децении се користела како инструмент на надворешната политика и влијание на Вашингтон во странство.

Државниот секретар на САД, Рубио во март беше поставен за привремен раководител на агенцијата ко тогаш изјави дека владата, по ревизијата, прекина над 80 отсто од програмите на УСАИД.