Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нарушување на јавен ред и мир во скопски Капиштец – МВР најавуваат казни против пиротехника

/

пред 677 дена

Сподели преку :

Кршеа шишиња, палеа петарди и предизвикуваа тепачки. Група малолетни лица синоќа го нарушија јавниот ред и мир во скопски Капиштец, а населбата повторно беше мета на вандализам. Претходно возеа багери и искршија реквизи, а еве што правеа синоќа.

Градоначалникот на Центар побара брза реакција од министерството и најави иницијатива до ЗЕЛС за итни законски измени со цел да се спречи понатамошна ескалација на ваквите настани. Иницијативата ја достави и до сите надлежни институции, Влада, МВР, Министерство за труд и социјална политика, Центрите за социјална работа, Министерство за правда, МОН, надлежните судови, за да се формира работна група од која ќе произлезат законски измени за оваа негативна општествена појава.

  • „Три вакви настани се регистрирани изминатиов период, се постапува од страна на МВР. Најголем дел од лицата се малолетници и во однос на нив се преземаат соодветни постапки. Реагираме, но се повторуваат ваквите несакани настани. Ќе сториме се за превенирање, но преземеме и репресивни мерки ако е потребно“ изјави  Панче Тошковски министер за внатрешни работи.

Од МВР најавија казни. Полицијата ги засилува и активностите пред новогодишните празници. Презема мерки но и акции против пиротехниката. Само минатата недела во главниот град биле откриени околу 40 илјади пиротехнички средства, а по брза постапка лицата кои биле фатени веднаш биле спроведени пред судија на претходна постапка и им биле изречени мерки како одземање на патна исправа и јавување во судот еднаш месечно.

Во сандачето на локалната власт речиси секојдневно пристигнуваат видео снимки, на кои јасно се гледа загрижувачкото однесување на младите.

Пред неполн месец беа објавени снимки од малолетни лица кои обија багер и оштетија едно паркирано приватно возило.Претходно беше обиен и ограбен комуналниот пункт во истиот реон, а беше споделена и снимка од група тинејџери на кои се гледа како ги кршат реквизитите на детско игралиште во оваа скопска населба.

Симона Петровска