Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Русија го блокирала ГПС сигналот на авионот на Фон Дер Лајен

/

пред 411 дена

Сподели преку :

ГПС-навигацијата на авионот со кој летала претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за време на нејзината вчерашна посета на Бугарија била попречена од страна на Русија, поради што пилотите морале да користат хартиени мапи за ориентирање и слетување на аеродромот во Пловдив.

Информацијата за техничките проблеми на авионот на фон дер Лајен за „Политико“ ја потврдила заменик-портпаролката на Комисијата, Аријана Подеста, која го пренела известувањето добиено од бугарските власти, според кое ГПС-сигналот на авионот бил блокиран.

Овој напад, како што го оквалификува Комисијата, се случи за време на турнејата на претседателката фон дер Лајен низ т.н. „земји на фронтот“, односно земјите членки кои граничат или се во непосредна близина на Русија.