Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Русија го претстави првиот домашен патнички авион во кој не се вградени странски компоненти

/

пред 407 дена

Сподели преку :

Рускиот патнички авион Сухој Суперџет 100 со целосно заменети странски со домашни компоненти, успешно го реализираше својот прв лет.

Леталото беше прикажано во видео објавено од државната корпорација Ростех.

Францускиот мотор е заменет со руски еквивалент, а заменети се и „десетици“ други странски системи и агрегати.

Модифициран е и самиот труп на авионот. Пробниот лет траеше околу еден час во близина на градот Комсомолск-на-Амур, каде што се произведува леталото.

Овој чекор е дел од пошироката стратегија за замена на увозот во руската авиоиндустрија, откако западните санкции поради војната во Украина го ограничија извозот на делови и услуги за руската авијација.