Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Русија изведе масовни воздушни удари во Украина – на мета локации во Киев и Одеса, Полска дигна борбени авиони

/

пред 230 дена

Сподели преку :

Русија изведе масовни воздушни удари во текот на ноќта врз цели во Украина. На мета се најде енергетската инфраструктура во областа на Одеса, предизвикувајќи пожари на неколку локации, соопшти Олег Кипер, началник на регионалната воена управа. Тој додаде дека нападите биле извршени со дронови, а пожарите се изгаснати.

Сирени за опасност од воздушен напад се огласија и во Киев и пошироката околина. Неколку експлозии одекнаа во центарот на главниот град на Украина.

„Непријателот го нападна главниот град со балистичко оружје. Остане во засолништа додека не се огласи сигналот за отсуство на опасност“, рече Тимур Ткаченко, началник на воената управа на Киев.

Украинските власти соопшти дека во нападите се повредени дете и жена, а многу луѓе ја минале ноќта во засолништа.

Како одговор на руските воздушни напади, военото воздухопловство на Полска соопшти дека се распоредени борбени авиони за заштита на полскиот воздушен простор.