Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Русија ја нападна Украина со крстосувачки ракети и дронови

/

пред 691 дена

Сподели преку :

Русија во текот на ноќта и утринава изврши големи напади врз Украина со крстосувачки ракети од стратешки бомбардери, а нешто подоцна следеше и напад со дронови-камикази, соопштија украинските власти.

Според податоците на украинските воздухопловни сили, нападите биле извршени од шест бомбардери кои полетале кон Украина.

Во Киев утринава се слушнаа експлозии откако украинските воздухопловни сили ја ставија целата земја под тревога за воздушен напад по лансирањето руски ракети.

Во првиот ракетен бараж по повеќе од два месеци, Русија употреби и балистички ракети, соопшти украинската војска.

– Експлозии во градот. Силите за воздушна одбрана оперираат. Останете во засолништа, објави градската управа на Киев на Телеграм