Русија ја критикуваше резолуцијата на Обединети нации со која се бара запирање на нападите на Иран врз земјите од Персискиот Залив, оценувајќи дека документот е неурамнотежен бидејќи не ги споменува нападите на Израел и Соединетите Американски Држави врз Техеран.
Рускиот амбасадор во Обединети нации, Василиј Небензја, изјави дека предлогот на Бахреин „го замаглува причинско-последичниот редослед“ и создава впечаток дека Иран сам и без причина започнал напади врз арапските држави.
Американскиот амбасадор во Обединети нации, Мајк Волц, изјави дека иранските претставници на седницата ќе изнесуваат невистини за случувањата во регионот.
Тој нагласи дека тврдењата на Техеран дека нападите биле насочени само кон американски воени бази во земјите од Персискиот Залив не се точни, додавајќи дека нападите биле толку силни и неселективни што ги обединиле и државите кои претходно имале сериозни меѓусебни несогласувања.
Меѓувреме рускиот предлог за резолуција со кој се бара итен прекин на проширениот конфликт во регионот не успеа да добие доволно поддршка.
За усвојување беа потребни девет гласови, но предлогот го поддржаа само Русија, Кина, Пакистан и Сомалија.











