Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Русите и Украинците и овој Велигден се држеа на нишан – Киев и Москва со меѓусебни обвинувања за кршење на празничното примирје

/

пред 546 дена

Сподели преку :

Русите и Украинците продолжија да се гледаат преку нишан, наместо да го спуштат оружјето за време на големиот христијански празник Велигден. Киев и Москва со меѓусебни обвинувања за кршење на празничниот прекин на огнот што го најави и нареди рускиот претседател Владимир Путин од сабота во 18 часот до недела на полноќ. Украинците обвинуваат за напади во Доњецк, во околината на Покровск, на Новопавловка, на Степово и во правец на Запорожје, Русите, пак, за преку 1.000 копнени и воздушни напади врз нивни позиции.

Зеленски утрово ја обвини Русија дека го прекршила едностраното 30-часовно примирје со стотици напади во текот на ноќта. Според него, забележани се, речиси, 400 случаи на гранатирања и 19 напади на руските сили, а примирјето на Путин го нарече „претстава за јавност“. Во велигденската честитка до украинскиот народ порача да нема откажување и изрази верба и надеж дека „денот на мирот во земјата“ набрзо ќе дојде.

„Ден кој дава надеж и нè потсетува сите – злото може да има свој час, но Бог ќе има свој ден. Ова е едно од значењата вградени во приказната за Христос. За неговото земно страдање и смрт и за неговото воскресение, и за вистината дека порано или подоцна, но сепак e неизбежно, злото ќе се повлече и животот ќе триумфира“, порача претседателот на Украина, Владимир Зеленски. 

Рускиот претседател Владимир Путин вчера објави 30-часовен прекинна огнот на фронтот во Украина. Одлуката ја образложи со хуманитарни причини.

„Водени од хуманитарни размислувања, денеска од 18 часот до полноќ од недела на понеделник, руската страна прогласува велигденско примирје. Наредувам прекин на сите воени дејствија за овој период. Веруваме дека украинската страна ќе го следи нашиот пример. Во исто време, нашите трупи мора да бидат подготвени да одбијат евентуални прекршувања на примирјето и провокации од непријателот и секое негово агресивно дејство“, изјави претседателот на Русија, Владимир Путин.

Ваквата објава на Путин доаѓа во ист ден во кој руското Министерство за одбрана објави дека руските сили ги потиснале украинските единици од едно од последните нивни упоришта во регионот на Курск. Според западни аналитичари, 30-часовно примирје е нешто, но не е доволно. Апелираат на најмалку 30-дневно што, за дел од нив, е доволен период за стекнување на некаква доверба меѓу завојуваните страни.

За потегот на Путин наведуваат три можни причини. Првата е рускиот претседател да се прикаже како миротворец, втората е купување на време за преместување на 50.000 трупи од регионот на Курск и третата е дополнително додворување на Белата куќа и страв дека американската администрација би можела да се откаже од идејата за реинтеграција на Русија во меѓународната заедница.

Сашко Димовски