Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Руска војска за три часа соборила 148 украински дронови

/

пред 183 дена

Сподели преку :

148 украински дронови во период од три часа соборила руската војска, објавија нејзините единици за воздушна одбрана.

Во соопштението за медиумите на руското Министерство за одбрана се наведува дека единиците за воздушна одбрана вчеравечер пресретнале 148 дронови во период од 20 до 23 часот.

Севастопол, пристанишен град на кримскиот полуостров, пак, е нападнат од четири дронови, а уште седум биле соборени во последниот бран.

Исто така, во окупираниот регион Донецк на истокот од Украина, шефот на самопрогласената влада, Андреј Чертков, изјави дека по украинските напади врз енергетската инфраструктура, службите за итни случаи ја вратија струјата во два големи града, Донецк и Макиевка.

Тој претходно објави дека речиси половина милион домаќинства останале без електрична енергија.