Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Руски функционер објави четири услови за завршување на војната

/

пред 1628 дена

Сподели преку :

„Специјалната воена операција на Русија ќе заврши кога НАТО ќе престане да ја користи украинската територија за да и се заканува на Русија“, изјави Алексеј Полчук, висок функционер на руското Министерство за надворешни работи, пренесува руската новинска агенција ТАСС.

„Специјалната воена операција ќе заврши кога ќе се исполнат нејзините задачи. Меѓу нив се заштитата на цивилното население на Донбас, демилитаризацијата и денацификацијата на Украина, како и отстранувањето на заканите за Русија кои доаѓаат од украинската територија поради нејзината окупација од НАТО“, вели тој. – изјави Полшчук.

Тој не објасни точно како НАТО и се заканува на Русија од украинска територија. Дипломатот додаде дека операцијата „се одвива според планираното“ и дека „сите нејзини цели ќе бидат остварени“.