Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Руски напад со беспилотно летало ноќеска го остави без струја западниот украински град Тернопил

/

пред 686 дена

Сподели преку :

Руски напад со беспилотно летало ноќеска го остави без струја западниот украински град Тернопил, соопшти регионалната воена администрација, една недела по нападите на Москва кои го прекинаа снабдувањето со електрична енергија во поголемиот дел од градот и областа.

– Тимовите за итни случаи и спасувачите ги отстрануваат последиците од нападот. Снабдете се со вода и наполнете ги телефоните“, напиша Сергиј Надал, шеф на регионалниот штаб за одбрана во Тернопил, на апликацијата Телеграм.

Целосните размери на нападот врз Тернопил, голем град во западна Украина, за сега не се познати.

Воздушната тревога во областа, траела околу 2,5 часа. Во нападот загинало едно лице, а неколку се повредени.

Пред една недела голем дел од градот остана без струја по најголемиот руски напад со беспилотни летала против Украина.

Тернопил е на околу 220 километри источно од Полска. Областа имаше население од повеќе од милион луѓе пред руската инвазија во февруари 2022 година.