Рускиот министер за сообраќај Роман Сторовоит (53) е пронајден мртов по само неколку часа, откако претседателот Владимир Путин го смени од функцијата.
Старовоит бил пронајден мртов во неговата куќа, а според извештаите на руските медиуми, наводно извршил самоубиство. Во близина на безживотното тело во селото Мјакино, во московскиот округ Одинтсвото, е пронајдено оружје, пиштол што му бил доделен од министерството за внатрешни работи во 2023 година.
Причината за смена на Старовоит не е објаснета, а одлуката одби да ја коментира и портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Смената на Старовоит дојде по откажувањата и одложувањата на стотици летови од аеродромите Шереметјево во Москва и Пулково во Санкт Петербург.
Илјадници патници во двата најголеми руски градови се соочија со долги чекања. Проблеми поради украинските напади со дронови имаа и други аеродроми во западна и централна Русија.
Од саботата до денеска се отлкажани вкупно 485 летови додека 1.900 беа одложени.
„Украинските напади со дронови врз руските аеродроми се насочени кон нарушување на воздушната логистика. Нарушувања во распоредот, доцнење на стотици летови, запирање на работата на пет аеродроми… Сето тоа станува не само тактичка, туку и стратешка акција која е насочена кон нарушување на вообичаениот животен ритам и покажување ранливостна системот“, наведува Телеграм каналот Кремљ Висперер (Kremlin Whisperer).











