Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Рустеми од ЈПДП во Топ Тема: 117 милиони евра досега се исплатени на Бехтел и Енка, изградбата ќе започне кон крајот на јули

/

пред 1245 дена

Сподели преку :

117 милиони евра досега се легнати на сметката на конзорциумот „Бехтел и Енка“ кој треба да ги гради коридорите 8 и 10д, потврди во вечерашната Топ Тема, директорот на ЈПДП, Ејуп Рустеми, на прашањето на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

Тоа се средства за мобилизација на изведувачот, додаде Рустеми.

Да заклучиме дека 117 милиони евра исплаќаме авансно на корпорација која нема ставено лопата во Македонија, која не знае од каде ќе почне делницата, коментираше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

„Истовремено ќе почнеме од Гостивар кон Бојкочане и од Гостивар кон Тетово, но и Прилеп – Битола. Потоа ќе почнеме со Требеништа – Струга – Ќафасан. Тоа ќе биде во декември оваа година“ – реплицираше Рустеми.

Тој додаде дека првите проекти се очекува на маса да бидат во јуни, по што би биле разгледани и одобрени а изградбата на автопатите да почне кон крајот на јули