Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Руте: Европа не е способна да се брани без американска воена поддршка

/

пред 251 дена

Сподели преку :

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, упати предупредување до европските земји дека стариот континент не е способен да се брани без американска воена поддршка. Оваа изјава на првиот човек на алијансата доаѓа во момент на зголемени тензии внатре во северноатлантскиот сојуз по обидот на американскиот претседател Доналд Трамп да ја заплаши ЕУ и Данска да и го отстапат на САД Гренланд.

„Но за Европа, ако навистина сакате да го направите тоа сами, и оние од вас кои го бараат тоа, заборавете дека ќе успеете со 5 проценти. Ќе бидат 10 проценти. Ќе треба да изградите сопствени нуклеарни капацитети, тоа чини милијарди и милијарди евра. Во такво сценарио би го изгубиле најголемиот гарант на нашата слобода, а тоа е американскиот нуклеарен чадор. Затоа, ви посакувам среќа“, рече Марк Руте, генерален секретар на НАТО.