Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

САД доаѓаат на Минхенската безбедносна конференција со нацрт договор за крај на војната во Украина

/

пред 621 дена

Сподели преку :

Соединетите Американски Држави ќе објават план за решавање на војната во Украина на претстојната Минхенска безбедносна конференција, објави агенцијата Блумберг, повикувајќи се на добро информирани разузнувачки извори.

„Специјалниот претставник на американскиоит претседател, Кит Келог ќе го претстави нацрт планот пред сојузниците“, наведува американската агенција.

Соговорните не открија детали за форматот на разговорите и колку би можел да биде релевантен.

Минхенската безбедносна конференција ќе почне на 14 февруари и ќе трае до 16 февруари, осум дена до одбележување на третата година од руско-украинската војна. Келог претходно го потврди учеството на конференцијата, како и водење на разговори со сојузниците за Украина. Според украинските медиуми, тој ќе отпатува во Киев на 20 февруари.

Американскиот весник „Волстрит журнал“ потсетува дека претседателот Трамп му наложил на Келог да издејствува прекин на војната во Украина во рок од 100 дена.