Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

САД одобрија серија напади врз ирански цели во Сирија и Ирак, откако во неделата загинаа тројца американски војници во Јордан

/

пред 997 дена

Сподели преку :

САД ги одобрија плановите за серија напади врз ирански цели во Сирија и Ирак, изјавија официјални лица за Си-Би-Си Њус.

Според плановите нападите ќе се реализираат во текот на неколку дена, а кога точно ќе започнат зависи од временските услови.

Инаку во неделата во напад со беспилотно летало загинаа тројца американски војници во Јордан, во близина на сириската граница.

САД за нападот ја обвинија милицијата поддржана од Иран.

Групата исламскиот отпор во Ирак, се верува дека сочинета од повеќе милиции кои биле вооружени, финансирани и обучени од силите на иранската Револуционерна гарда.

Иран, во меѓувреме, негираше каква било улога во нападот во кој беа повредени 41 американски војник во воената база, а медиумите цитираа извори од американски разузнавачи дека дронот користен за напад на објектот бил произведен од Иран.