Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

САД извршија „самоодбранбени напади“ врз објекти на Хутите во Јемен

/

пред 944 дена

Сподели преку :

Американските сили извршија „самоодбранбени напади“ врз три подземни складишта за оружје во областите во Јемен под контрола на Хутите, соопшти американската Централна команда.

Нападите биле насочени кон позиции што Хутите ги користеле за да ги напаѓаат трговските бродови во регионот, се вели во објавата на мрежата „Х““, информира „Ројтерс“.

Во објавата се вели дека американските силите „во самоодбрана“ уништиле четири беспилотни летала во областите во Јемен контролирани од Хутите.

Од друга страна, шефот на Врховниот револуционерен комитет на Хутите, Мухамед Али Ал Хути, изјави дека има „непромислени“ американско-британски напади врз Јемен.

„Нападите на САД и Велика Британија имаат за цел да ја пробијат поморската блокада на бродовите поврзани со Израел, кој ја опсадува Газа“ рече Мухамед Али Ал-Хути.

Движењето Хути во Јемен врши напади со беспилотни летала и ракети врз трговски бродови, пркосејќи на воената операција на Израел во Појасот Газа.