Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

САД ја скратуваат важноста на работните дозволи за мигрантите на 18 месеци

/

пред 313 дена

Сподели преку :

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека ќе ја заостри имиграциската политика, скратувајќи го периодот на важност на работната дозвола за бегалците, барателите на азил и другите мигранти во САД од пет години на 18 месеци.

Службата за државјанство и имиграција на САД  соопшти дека промената ќе овозможи почести проверки на странските државјани.

Вол Стрит Џурнал јави дека оваа промена влијае на стотици илјади луѓе, а исто така има влијание и врз компаниите кои се потпираат на барателите на азил со работни дозволи, вклучувајќи ги и фирмите за пакување месо.

Имиграцијата е централен фокус на администрацијата на Трамп. Според Одделот за домашна безбедност, речиси 2 милиони луѓе ги напуштиле САД откако Трамп ја презеде функцијата во јануари, вклучувајќи 530.000 депортации и 1,6 милиони луѓе кои „доброволно сами си заминале“.

Администрацијата соопшти дека има за цел да ги зголеми депортациите на 600.000 до крајот на годината. Белата куќа ги опиша заминувањата како дел од тековните „масовни депортации“.